Освен Ај-Би-Ем во Хрватска наскоро може да дојде уште еден информатички гигант, објави „Јутарњи лист”.

Градоначалникот на општина Ругвица, Мато Чичак тврди дека веќе неколку пати разговарал со претставници на една голема американска компанија од Ај-Ти секторот.

– Кај нас на разговори пред неколку месеци беа претставници на еден инвеститор од САД. Ни рекоа дека се работи за голема компанија од Ај-Ти секторот, но одбија да кажат за која точно станува збор, бидејќи очигледно се уште размислуваат. Ги интересира терен од 49 хектари, на кој на 20 хектари би граделе голем дата центар, вели Чичак.