Сите хрватски граѓани кои во текот на минатата недела давале крв заради контрола или или други испитувања кои не се поврзани со „Ковид-19“ се потенцијални кандидати за спроведување на голема студија која ќе покаже колку длабоко е навлезен коронавирусот кај населението.

Во првата фаза случајно ќе се изберат 1.100 примероци од крв, собрани од болнички лаборатории, здравствени центри и јавни здравствени установи низ целата земја. Тоа ќе трае околу 10 дена, а дотогаш очекуваме да добиеме 1.100 тестови ЕЛИСА за да се утврди колку луѓе имаат антитела, т.е. колку, без да се знае тоа, биле во контакт со вирусот – рече Крунослав Чапак, директор на Хрватскиот институт за јавно здравје.

Тој изјави дека во оваа фаза би биле анонимни примероци, односно ќе се знае само полот на една личност, возраст и дали тој или таа боледува од КОВИД-19 или е целосно здрав, а целта е да се види колку луѓе всушност го имаат вирусот асимптоматски.

Чапак објасни дека студијата се прави од две причини. Првата е да се види колку асимптоматски случаи има, а втората причина е да се види колку антитела се развиени.

Поточно, ќе може да следи колку трае имунитетот на болеста, што засега е непознато.