Четири деца загинаа, а најмалку една жена беше повредена кога воз удри во велосипед со приколка во холандскиот град Ос, недалеку од границата со Германија.

Овој тип велосипед, со голема дрвена кутија пред возачот, е популарен меѓу холандските родители и се користи за превезување мали деца.

Полицијата потврди дека утрово се случила сериозна несреќа во која има тешко повредени и жртви. Несреќата се случила на преминот на железничката пруга на 100 километри југоисточно од Амстердам.

 

извор: Makfax