Во фабриката за слатки во Нотингемшир, Англија, 72 работници се позитивни на коронавирусот, пренесува „Скај њуз“.

Како што се наведува, тестирани се 701 вработен, а сега Националната здравствена служба ќе ги тестира сите 1.600 работници.

Околу 33 вработени кои биле позитивни се вратиле на работа откако некое време биле во самоизолација.

Минатата недела беше откриено дека речиси 300 вработени во фабрика која прави сендвичи за „Марк и Спенсер“ во Нортхемптон, се позитивни на Ковид-19.

извор: Makfax