x

Во Тирана има големи фанови на Дејан Станковиќ

stankovic2-e1598337047180

Експедицијата на Црвена Звезда вчера пристигна во главниот град на Албанија каде што денеска ќе го игра мечот од квалификациите за ЛШ против Тирана. Од албанскиот шампион најавуваат жестока и безмилосна борба и пласман во следната рунда, екипата на Звезда доаѓа на непријателско тло и со доза на претпазливост знаејќи колку е затегнат односот помеѓу српскиот и албанскиот народ.

Но за изненадување во Тирана експедицијата на Звезда беше пречеката од фудбалски навивачи и навивачки. Целта беше Дејан Станковиќ. Добро знаат за кого се работи. Легендарен фудбалер на Интер, а во Тирана има многу навивачи на овој италијански клуб. Па имаше навивачи кои сакаа автограм од него и инсистираа за селфи. Не се сите непријателски настроени кон него и неговата екипа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата