Во попладневните часови на 26 октомври, припадници на тетовската полиција го привеле 27-годишниот Р.Б., од долнореканско Врбјане, кој се барал за издржување затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Во истиот период тетовската полиција го привела и 48-годишниот тетовец Х.Ф., осуден на затворска казна за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Двајцата осуденици по брза постапка биле спроведени во тетовскиот затвор за издржување на казните.

 

извор: Makfax