Осум воспитувачки во Тетово резултирале позитивни на коронавирусот, додека други седум биле испратени во домашна изолација. Поради сомневање за ширење на вирусот три групи деца се исто така во изолација, пишува Алсат.

Од големиот број заразени имаме и вработени кои се позитивни. Имаме осум воспитувачки во сите установи, но во споредба со бројот на вработени и оние кои се позитивни, бројот е мал. Тие се мал број за да биде попречена нашата работа во градинките, рече Рамије Даути, директорка на градинката „Риниа“ Тетово.

Последниот случај беше инфекција на воспитувачки во селото Џепчиште во општина Тетово. Како резултат на тоа градинката е затворена и не работи со денови, додека две групи деца се во изолација. Влошена состојба со бројот на заразени наставници и професори има и во основните и средните училишта.

Од општина Тетово велат дека во училиштата актуелно има 22 позитивни наставници, а осум одделенија се во изолација. Во средните училишта пак, има 20 наставници со коронавирус. Од почетокот на пандемијата во Тетово се евидентирани 3.159 случаи со Ковид.

Извор: Алсат