Во Тетово во изминатите 24 часа регистрирани се 19 нови случаи на позитивни на коронавирусот со што вкупната бројка се искачи на  459 лица.

Во ГОБ „8 Септември“  почина пациент од Тетово на 61 година, примен на 2 јуни

Во последните 24 часа се направени 1391 тестирање, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19 во Скопје 140, Куманово 2, Дебар 1, Штип 6, Тетово 19, Струга 5, Велес 2, Охрид 11, Гостивар 4, Свети Николе 1, Ресен 2

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4482 бројката на оздравени пациенти е 1803, на починати е 210, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2469.