Министерот за здравство Венко Филипче се сретна со амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда.

Повод за средбата беше реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи. Со овој грант, дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а ќе се финишира во наредниот период.

„Јапонија е нашиот голем и искрен пријател. Се заблагодарувам за целокупната поддршка овие изминати години во осовременување и унапредување на здравствениот сектор. Тие се со нас и во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во месец јуни, преку итна неповратна помош, од амбасадата на Јапонија во партнерство со УНОПС го добивме лекот „Авиган“ наменет за 100 пациенти заболени со ковид-19.“, нагласува министерот Филипче.

извор: Makfax