Некои видови кучиња редовно се дел од полициските сили во сите земји во светот, но Тајланд отиде предалеку во однос на полицискиот ангажман на кучињата.

Така не само овој лабрадор од фотографиите туку и другите полициски кучиња носат свој пиштол.

Лабрадорот изгледа задоволен од новата одговорност што му е дадена, а до него е и одговорниот полицаец кој го носи знакот на специјалната К- 9 единица со кушиња.

Воорушеното куче и полицаецот се снимени во вторникот од страна на туристи кои ручале во хотелот Дусит во Патаја.

Но откако се објавени овие бизарни фотографии имаше и коментари од типот: Колку време моѓе кучето да го чува пиштолот бидејќи и криминалци, а и мали деца можат да му го одземат.

Инаку лабрадорите како вид се користат од страна на воените и полициските сили поради нивниот умерен темперамент и изострено сетило за мирис.

Овие кучиња важат за многу интелегентни и самоинцијативни, а се прогласени и за Кучиња на Милениумот по многу примери од кои најеклатантен е оној кога лабрадорот Ендал го спасил животот на својот газда Ален Партон кој во 2001 година бил удрен од автомобил и оттурнат од својата инвалидска количка.

Кучето го наместило Партон во позиција да се освести, го покрило со ќебе и отрчало кон блискиот хотел да побара помош.