x

Во Струмица 1:1: Силекс водеше до 84.минута, па Сашко Пандев извади реми за “пандевци“

Во втората пријателска средба попладнево во Струмица, Академија Пандев и Силекс одиграа 1:1. Во интересен и квалитетен натпревар за оваа фаза од подготовките, инаку се играше на комплексот “Горан Пандев“, и двете екипи имаа свои периоди од играта. Силекс поведе со голот на Дејан Тантуровски во 18.минута, и водеше се до 84.минута кога Сашко Пандев со гол за домашните ги постави конечните 1:1.

Да кажеме дека на овој меч не настапи новакот во редовите на “пандевци“ Марјан Радески.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата