Во последните 24 часа во Србија се потврдени 99 нови случаи на коронавирус, а починал еден пациент. Тестирани се 8.752 лица.

На респиратор се 39 пациенти.

Србија неодамна олабави дел од мерките воведени во борбата против коронавирусот – односно го продолжи работното време на угостителските објекти до 1 часот по полноќ, а на трговските објекти до 23 часот.

Епидемиологот Предраг Кон изјави дека не очекува да дојде до значително зголемување на бројот на заболени во септември.

извор: Makfax