Во последните 24 часа во Србија починале 17 пациенти,  a од 14.116 граѓани тестирани на коронавирус, позитивни  биле 3.499.

Во моментов 158 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ Србија.

Министерот за здравство Златибор Лончар по состанокот со директорите на ковид-болниците во Србија изјави дека здравствениот систем е пребукиран. Лончар потврди дека Владата на Србија разгледува нови мерки на предлог на Кризниот штаб.

извор: Makfax