Во Србија се регистрирани 2.112 новоинфицирани со коронавирус. Десет лица починаа во последните 24 часа.
Биле тестирани 8,299 лица. Во моментов има 106 пациенти на апарати за дишење.

Министерот за здравство Златибор Лончар вели дека е најлоша епидемиолошката ситуација во Белград каде од вкупниот број на новозаразени се регистирани 50 отсто од случаите – 1057.

Во Нови Сад во изминатите 24 часа се регистрирани 132 новозаразени.

извор: Makfax