Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 266 заразени со коронавирус и 11 починати. Тестирани биле вкупно 7.529 лица.

Иако бројот на новозаразени е помал од претходниот ден, бројот на хоспитализирани е зголемен од 3.173 на 3.339, а бројот на пациенти на респиратори – од 118 на 120.

Досега се тестирани вкупно 471.700 лица, од кои 17.342 лица се заразени со коронавирус, а вкупно починале 352 пациенти.

извор: Makfax