Во последните 24 часа во Србија се регистрирани 163 нови случаи на заразени со коронавирус, додека пет лица починале како резултат на инфекцијата.

Бројот на новозаразени е најмал од 25 јуни, кога се регистрирани 137.

Од последниот пресек, тестирани се 6.819 лица.

Во болниците низ целата земја има 107 пациенти на респиратори.

извор: Makfax