Српските власти за кон крајот на април најавуваат олабавување на строгите мерки кои произлегоа од вонредната состојба. Мерките ќе се намалуваат постепено бидејќи не сакаат да имаат спротивен ефект.

По примерот на Австрија и Данска, прво ќе бидат отворени кафеаните, рестораните и кафулињата, и тоа не со цело работно време.

Последно ќе се отворат граничните премини бидејќи не сакаат повторно вирусот да биде донесен.