Во Србија, уште 9 лица ја загубија борбата против ковид-19, а коронавирусот беше потврден кај уште 411 лица, јавува РТС.

Споредено со минатата недела, намален е бројот на хоспитализирани, рече министерот за здравство, Златибор Лончар.

Тој истакна дека во моментов има доволно места во болниците во Белград, и дека денес голем број на пациенти од Пожаревац и Краљево ќе бидат префрлени во главниот град, со цел да се ослободат места и во тие градови.

 

извор: Makfax