Регистрирани се 2.813 новозаразени со коронавирус во Србија, а починале 21 лице.

Во болниците има 3.963 пациенти, додека на апарати за дишење се приклучени  161 лице.

Досега во Србија се направени 1.519.315 тестови.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се 87.381 случај.

Во неделата, бројот на смртни случаи надминал 1.000, а починале 1.030 лица како резултат на коронавирус во Србија.

Државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Мирсад Џерлек, рече дека состојбата со епидемијата е прилично тешка, и дека црните рекорди ќе продолжат да се соборуваат во наредните денови.

извор: Makfax