Во последните 24 часа коронавирусот е потврден кај 2.282 лица, а во исто време 10 пациенти починале како резултат на оваа болест.

Тестирани се рекордни 12.947 лица, а позитивни се 17,63 проценти.

74 пациенти дишат со помош на механичка вентилација.

Во болниците има 2.307 пациенти. Ден пред тоа 317 пациенти беа хоспитализирани, а 147 се отпуштени.

Најголем број на заразени има во Белград, и тоа 1.144.

Кризниот штаб денеска разговара за воведување на нови мерки и за нив ќе се дискутира на прес-конференција.

извор: Makfax