Во последните 24 часа, во Србија се регистрирани 71 нов случај на инфекција со коронавирус, а тестирани се 4.933 лица, пишува „Блиц“.

Во изминатото деноноќие забележан е и еден смртен случај. Во моментов, во Србија има 488 активни случаи, од кои 14 лица се на респиратор.

Од почетокот на епидемијата, тестирани се 291.966 луѓе, позитивно се дијагностицирани 12.102 лица, а забележани се и 252 смртни случаи. Според овие податоци, стапката на морталитет е 2,08 проценти.

Во последните неколку дена, епицентарот на заразата е Белград, а според експертите, станува збор за случаи што се регистрирани на семејни собири или меѓу работници.

Оваа недела во Белград имаше случаи на инфекција со коронавирус во градинките, училиштата и студентските домови.

извор: Makfax