Во Србија 29.457 луѓе имаат статус на бегалци, соопшти српскиот Комесаријат за бегалци по повод денешниот Светски ден на бегалците.

Од вкупната бројка 20.334 се од Хрватска, а 9.080 се од Босна и Херцеговина.

За време на војните во поранешна Југославија (1991-1995) бегалски статус во Србија добија вкупно 618.000 лица, од кои 266.000 од БиХ, а 330.000 од Хрватска.

Низ Србија минатата година минаа околу 600.000 мигранти од Азија и од Африка.