Официјален европски известувач рекол за CNN дека е „многу е веројатно корона вирусот да настанал по природен пат, односно не е човечки продукт“.

Европските известувачи се осврнале и на прашањето дали Кина со генетски инженеринг создала вирус, за што Доналд Трамп и некои светски лидери ја обвинуваат.

Во американските медиуми се појавила приказна дека американските известувачи кои истражуваат, мислат дека корона вирус настанал во лабораторија во Вухан и благодарение на невнимание доспеал во јавноста.

Спрема службена верзија, корона вирусот прв пат се појавил средина на декември на пазар во тој град, а дел од американската обавештајна служба не ја исклучуваат можноста дека вирусот настанал во лабораторија во институт за вирусологија. Американците не тврдат дека Кинезите намерно го пуштиле во јавност, но ќе истражуваат дали тој е создаден по вештачки пат.