x

Во спектакуларна борба: Миочиќ ја одбрани титулата во УФЦ!

miocic

Американецот со хрватски корени Стипе Миочиќ, во спектакуларна борба успеа да го победи Даниел Кормие и со тоа да ја одбрани титулата во УФЦ. Тоа беше тешка борба во сите пет рунди, но судиите со едногласна одлука пресудија во корист на Миочиќ. Ова беше една од најинтересните борби во кариерата на Миочиќ, кој покажа уште еднаш дека е најдобриот борец и шампион во УФЦ.

Интересно е тоа што имаше и неколку неспортски моменти во октагонот. Кормие го удри со прст во окото на Миочиќ, а овој му врати на сличен начин. Ова беше втора победа на Миочиќ против Кормие.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата