Повеќето пејачи од соседството 2020 година ќе ја дочекаат работно, што и воопшто не е лоша опција кога ќе се земе предвид фактот дека токму оваа вечер им е најисплатлива.  

Меѓу најдобро платените се Цеца која ќе земе 80 000 евра и Здравко Чолиќ и Дино Мерлин кои, пишува Курир, ќе земат по 100 000 евра. Инаку, Дино пее во Скопје, на градскиот плоштад.

На сметката на Лепа Брена ќе легнат 45 000 евра, на Аца Лукас и Ацо Пејовиќ по 50 000, а Маја Беровиќ ќе биде побогата за 60 000 евра. 10 000 евра повеќе (од Беровиќ) ќе „спечали“ Марија Шерифовиќ.

фото: Курир.рс

Наташа Беквалац и Саша Матиќ настапуваат за 40 000 евра. Исто толку ќе заработи и Александра Пријовиќ. Нешто помалку чини настапот на Харис Џиновиќ, кој ќе пее за 37 000 евра. И списокот не завршува тука, а богами ниту заработувачката затоа што повеќето од овие пејачи договориле добри суми и за репризата, односно раце ќе тријат и по настапите на 1 јануари.  

За жал, ситуацијата на домашен терен е далку од добра, а повеќето домашни пејачи не знаат ни дали и каде ќе слават со друштво, а не па да настапуваат некаде.