x

Во сообраќајна незгода загина млад фудбалер на француски Гингамп

Младиот фудбалер на Гингамп, Натаел Жулиан, го загуби животот денеска во сообраќајна незгода, јавија француските медиуми. Фудбалерот кој имаше само 23 години, настапуваше во дресот на францускиот прволигаш.

До нестреќата дошло во попладневните часови, кога Жулиан со својот автомобил излетал од патот кај градот Пордик.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата