x

Во случај да не се одиграат сите средби од ЛШ: Вардар директно во елиминациите?

vardar-pozdrav-e1602797145422

Главниот спортски директор на ЕХФ, Маркус Глејзер, го извести Извршниот комитет на ЕХФ за моменталната состојба на одложените и презакажани натпревари во Лигата на шампионите на ЕХФ. Заклучно со 19 декември, 60 од вкупно 80 натпревари се одиграни во ЕХФ Лигата на шампиони, а уште два меча се закажани за наредните денови.

Во текот на изминатите недели, ЕХФ работеше на упатства и процедури во случај натпреварите да не можат да се играат до 4 март 2021 година.

Според новото сценарио, Вардар би можел да се квалификува во елиминациите од Лигата на шампионите дури и ако не обезбеди место меѓу шестте првопласирани екипи на табелата. Доколку не се одиграат сите натпревари од Лигата на шампионите до 4 март, тогаш нема да има елиминирани екипи.  Сите 16 учесници на Лигата на шампионите ќе се пласираат во елиминациите, а во нокаут фазата и ќе се игра по систем 1А-8Б, 2А-7Б, 3А-6Б, 4А-5Б и редоследно…

Вардар оваа сезона во ЛШ досега не ги одигра дуелите со Порто, ПСЖ, ПИК Сегед и Елверум.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата