Во последните 24 часа се потврдени нови 1.925 случаи на коронавирус во Словенија, а починаа 41 пациент, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата.

Според податоците на словенечката влада, биле тестирани 6.767 луѓе, што значи дека 28,45 проценти од испитаниците биле позитивни.

Во болниците има 1.210 пациенти, 18 помалку од претходниот ден, а бројот на лица на одделот за интензивна нега се намалил на 200.

Во Словенија моментално има 20.151 активен случај, а процентот на зараза во последните две недели сега е 961 на 100.000 жители.

Досега во земјата се заразени 50.864 лица, од кои 676 починаа.

 

извор: Makfax