На свечена промоција во Сити Хол во Скопје претставени беа новите SUV модели на Опел: Crossland X, Mokka X и Grandland X.

Модерните кросовери беа преставени од автомобилските новинари: Крумислав Барзов, Владимир Ристовиќ, Агрон Сулејман, Блашко Велјановски, Горан Антевски и Љупчо Михајловски, заедно со Драган Ненадовиќ, директорот на Опел за Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и Бугарија.

Директорот, Драган Ненадовиќ, изрази големо задоволство поради премиерната промоција на SUV моделите во Македонија, како и поради интересот што го предизвикал настанот.

„Многу сум горд што Опел сега може да понуди дури три возила од SUV сегментот. Mokka X е одличен наследник на веќе прославената Mokka, а Crossland X и Grandland X се прв заеднички модел развиен во рамките на новата групација – PSA. Со овие модели по првпат влегуваме сериозно во најбрзо растечкиот сегмент во светот, сегментот на SUV возила. Очекуваме дека набрзо ќе станат наши нови најдобро продавани возила и дека ќе го обезбедат заслуженото место на Опел кај љубителите на СУВ возила и ќе ја заокружат нашата атрактивна понуда. Се радувам дека по саемот во Белград новите модели премиерно ги претставуваме и во Скопје“, изјави Ненадовиќ.

Во Германија во првите два месеци од годинава според статистиката на КБА, федералниот сообраќаен орган, овие три возила го заземале првото место во сегментот на SUV/кросовер возила.

Опел Crossland X е разбирлив, остар, свеж и неверојатно практичен. Првиот играч во SUV селекцијата им одговара на сите кои се сестрани и подготвени за предизвици. Совршен пандан на урбан начин на живот благодарение на рафинираниот SUV дизајн и компактните димензии: софистициран и динамичен, новиот Crossland X се издвојува со практичноста и спортската елеганција. Опцијата за покрив во две бои, голем багажник како и доволно внатрешен простор се главните атрибути на Crossland X моделот. Идеален е за кратки шопинг патувања, но и за заминување на подалечни дестинации. Само една година од отворањето на книгата за нарачки веќе стана бестселер – 100.000 купувачи во Европа го одбраа Opel Crossland X.

Mokka X се одликува со атрактивен дизајн и погон на сите 4 тркала. Вториот член на SUV екипата е вистински успех за Opel, со повеќе од 750.000 продадени возила. Возачите на Mokka X уживаат во главната предност која се рефлектира во повисоките седишта, давајќи акцент на подобрената видливост. Овој компактен авантурист привлечен внимание со спортскиот дизајн, а покрај тоа и двапати е добитник на наградата „Автомобил на годината со погон на сите 4 тркала“. Самоуверените, мускулести линии го привлекуваат вниманието, додека повисоката поставеност од тлото и големите тркала од лесна легура се доказ дека станува збор за вистински теренец.

Opel Grandland X ги претставува сите карактеристики што ги поседува еден SUV автомобил. Големата пространост и разновидност, комбинирана со стилско-динамичен ентериер го прават Grandland X премиум возило со врвни квалитети. Овој несекојдневен SUV го привлекува вниманието со своите остри линии, мускулестата силуета и спортскиот изглед. Многуте иновативни технологии го првата возењето полесно, попрактично и побезбедно од било кога досега. Сите овие особини го прикажуваат Grandland X како вистински предизвикувач во својата класа,

На крајот од вечерта директорот Ненадовиќ го извлече и среќниот добитник на наградната игра кој освои викенд за двајца во Аурора Ресорт & Спа во Берово на кој ќе отпатува со Grandland X и ќе се увери во сите негови погодности.

извор: Makfax