Според последните мерења на Министерството за животна средина во 12 часот, ПМ10 честичките се со многу висока концентрација во скопските општини Центар, Карпош и Лисиче како и во Тетово и Велес. Надминувањата се 5 до 8 пати над дозволената граница. Индексот на загадување е висок и во Гази Баба и Кичево.

Уште пред неколку месеци лекарите укажаа на штетноста од овие честички и препорачаа или седење дома или на Водно каде воздухот е чист.