Триесет и шестгодишен жител на селото Батинци, вчера (16. октомври) во полиција пријавил дека во близина на селските гробишта, додека се движел со неговиот автомобил „ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, кон него со огнено оружје пукал соселанецот М.Џ., по што истиот побегнал.

Возачот не се здобил со повреди. Увид на местото извршила екипа од СВР-Скопје и биле пронајдени две чаури, кои биле подигнати за натамошна постапка.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

извор: Makfax