ТОКИО, 25 ОКТОМВРИ(МИА). – Најмалку осумнаесет лица загинаа, а наде од 1500 се повредени во серијата земјотреси што ја погодија централна Јапонија и реонот на Токио. По првиот потрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани четири силни земјитреси со магнитуда од 5 до 6,8 степени според Рихтер. Електронските медиуми јавуваат дека од потресите биле урнати згради, под кои се наоѓаат поголем број луѓе. Најпогодена зона е големиот пристаништен град Ниигата, на 250 километри северно од јапонскиот главен град каде бил и епицентарот. Првиот потрес бил почувствуван во Токио во 17:56 часот по локално време и траел над една минута. Последичните потреси биле регистрирани половина час потоа. Вториот поголем потрес бил регистриран во 18:37 по локално време. Во Ниигата се урнати повеќе згради, а многу лица се повредени од предмети кои паѓале. Движењата на возовите се запрени, а се затворени и дел од улиците. Околу 250.000 семејства останаа без напојување со електрична енергија во Ниигата. Последниот голем земјотрес во Јапонија беше регистриран во 1975 година во југозападниот град Кобе со интензитет од 7,2 по Рихтер кога загинаа 6.000 лица.