Речиси 130.000 војници, повеќе од 20.000 системи за вооружување и околу 600 авиони од седум држави ќе учествуваат во стратешката командна и воена вежба „Центар-2019“, што ќе се одржи од 16 до 21 септември во Русија, објави денес руското Министерство за одбрана.

„Во вежбата ќе бидат опфатени 128.000 војници, повеќе од 20.000 оружја и тешко вооружување, околу 600 авиони и 15-ина воени бродови и придружни бродови“, се вели во соопштението.

Вежбите ќе се одржуваат на осум полигони низ цела Русија, пренесува ТАСС.

Покрај Русија, во маневрите ќе учествуваат единици од Кина, Пакистан, Индија, Киргистан, Казахстан, Таџикистан и од Узбекистан.

извор: Makfax