Во самоубиствен напад врз воен камп за обука во Аден загинаа најмалку 60 лица, а десетици се повредени, соопшти организацијата Лекари без граници. Напаѓачот со возило влетал во група регрути. Исламска држава ја презеде одговорноста.

Нападот е изведен во северниот дел на Аден, каде има припадници на Народниот отпор, локални сили кои и помагаат на армијата да ги протераат Хусите од главниот град на Јемен, Сана. Хусите имаат поддршка од Иран.

Во Јемен има судири откако Саудиска Арабија почна воена интервенција против шиитските бунтовници Хутите.