Руската компанија ВПК, која произведува блиндирани војнички возила, го произведила и првото возило во вид на тенк за евакуација на пациенти, а има и вграден механизам за вештачка вентилација на белите дробови.

Станува збор за медицински тенк од типот Ибрис, кој се користи за патување по снег и мочуришта а е опремен со опреме која е потребна за интензивна нега вклучувајќи и респиратор. Производителот вели дека докторите може да му укажат помош на пациентот додека „Корона-тенкот“ е во движење.

„Работите околу ова возило се завршени и е подготвен за масовно производство“ известува Rusia Beyond.

Во возилото можат да се превезуваат (хоспитализираат) до четири пациенти.