Во последните 24 часа во Романија се потврдени 1.231 нов случај на коронавирус, а починале 33 лица.

Од почетокот на епидемијата, бројот на заболени во Романија достигна 112.781, а бројот на смртни случаи 4.435.

Досега оздравеле 89.771 лице, а тестирани се 2.223.462 лица од кои 13.391 во последните 24 часа.

Во болница се 7.120 пациенти од кои 470 се на интензивна нега.

извор: Makfax