Одиме растоварени. Немаме што да загубиме, бидејќи противникот е фаворит”, истакна селекторот на македонската фудбалска репрезентација Драган Канатларовски, пред денешното заминување на “црвено-жолтите” за Крајова, каде в сабота ќе го одиграат вториот квалификациски меч за СП 2006, против Романија. Со чартер лет Скопје- Крајова, утринава (09:- 00 ч.), македонската експедиција заминува “зад карпатите”. Првиот тренинг, 18-те избраници на Канатларовски ќе го имат уште денеска, попладне, а до одигрувањето на самиот натпревар в сабота (19:- 30 ч.), ќе имаат уште два. “Одиме во Романија за да изненадиме”, пора- чуваат мак-репрезентативците во еден глас. Голманот Петар Мило- шевски, кој ќе ја носи капитенската лента на претстојната средба, ја пренесува атмосферата што владее меѓу “црвено-ж олтите”: “Се чувствува позитивен дух меѓу нас. Сите ние сме со голема надеж кон претстојниот меч. Со сета почит кон Романците, мислам дека можеме да извлечеме барем бод. Ќе дадеме с&”238; од себе, тоа го гарантираме”, вели Мило- шевски. Проблемите со коленото на Миле Крстев се минато, па тој, и останатите 17 фудбалери, тренираа со полна пареа на затсиноќешниот и вчераш ните два тренинга. “Го знаеме квалитетот на Романија, која, според мене, е фаворит во сенка во Првата група, покрај Чешка Р. и Холандија. Но, на мака се познаваат јунаците, а ние не одиме да се предадеме. Имаме доволно самодоверба и знаење”, категоричен е шефот на стручниот штаб Драган Канатларовски. Ден пред дуелот на сениорите, мегданот ќе го поделат и младите репрезентации. На селекторот на надежите Мирсад Јонуз единствен проблем му е повредата на Влатко Таневски, но охрабрува враќањето на Влатко Гроздановски.