x

Во Реал се фалеа со скапите автомобили, а мене ме исмејуваа затоа што возев Голф кец

manolo

Фудбалските ѕвезди треба да имаат многу пари, убави девојки и скапи автомобили за да бидат на врвот во овој спорт. Непознавањето на оваа максима го натерало младиот фудбалер Маноло Канабал да се тргне од „Бернабеу“ и да си ја побара среќата на друго место. Едноставно сфатил дека не припаѓа таму.

Во 1997 година овој играч пристигна во Реал од Мерида за околу 5 милиони евра и ги почна предсезонските подотовки. И не бил така лош се додека играчите на Реал не почнале да го исмејуваат и да си тераат шеги со него поради автомобилот со кој доаѓал на тренинг – Голф 1.

Почнаа да ме исмејуваат поради автомобилот. Тие доаѓаа со скапи автомобили, јас доаѓав со голфот кој го имав долго време. Тогаш сватив дека тука нема да успеам, знаев дека не ми е местото во Реал“, изјави Канабал.

А тоа се покажа точно. Уште истата сезона е пратен под наем во Ваљадолид, а потоа продаден на Алавес.

Во тоа време дресот на Реал, кој стана и европски шампион, го носеа Раул, Шукер, Мијатовиќ, Мориентес, Сидорф, Гути, Панучи, Редондо, Маноло Санчис, Фернандо Хиеро…

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата