Според Обвинителството, еден такстст бил убиен од страна на полицаец во пограничниот регион Тачира, а друго лице го загубило животот во судирите во Сан Антонио.

Едно пак 17-годишно момче било застрелано во главата во текот на протестите во Баринас.

– Група луѓе дојде и почна да пука, ранувајќи го момчето, кое потоа почина в болница, стои во соопштението,

Во Венецуела веќе шест недели се одржуваат масовни протести, кои ги организира опозицијата против социјалистичката Влада на претседателот Николас Мадуро.

Стотици илјади луѓе секојдневно ги блокираат улиците незадоволни поради недостигот на храна и лекови и поради високата инфлација. Тие бараат нови избори и меѓународна помош за решавање на кризата.