Прилепскиот градоначалник Илија Јованоски и Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бараат заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки за заштита од пандемијата со Ковид-19, кои ќе се однесуваат на целата територија на општината заради крајно влошената и загрижувачка ситуација. Гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари, пак, има дилема околу воведувањето  карантин, бидејќи цени дека тоа би имало тешки последици врз локалната економија на Гостивар, но, како лекар, смета дека воведувањето ваква рестриктивна мерка е неопходна.

– Она што е особено загрижувачки и алармантно е дека во последните дваесетина дена драстично и рапидно се зголемува бројот на новозаразени, хоспитализирани и, за жал, починати лица. Со цел да ја превенираме и запреме ваквата застрашувачка тенденција на ширење на заразата, Општинскиот кризен штаб од Главниот кризен штаб бара заострување на мерките и воведување дополнителни рестриктивни мерки, кои ќе се однесуваат на целата територија на Општина Прилеп, рече вчера Јованоски.

Одговор, нагласи, се очекува за еден ден, а во меѓувреме се засилуваат локалните мерки, прво за помош на медицинскиот персонал во инфективното одделени, каде од денеска како што најави ќе ротираат тимови од матичните лекари во две смени.

Гостиварскиот градоначалник Таравари вчера порача дека има дилема која се создава од функцијата градоначалник и професијата лекар.

-Како градоначалник не сум за карантин единствено заради финансискиот опстанок на граѓаните. А како лекар недвојбено е и јасно е, уште утре треба да побараме од Министерството за здравство и Владата карантин за Гостивар. Нашата општина нема големи фабрички капацитети, тука луѓето егизстираат од мали бизниси, дуќани за трговија, кафулиња и работниците главно заработуваат на дневници. Би било погубно тие бизниси да се затворат на еден месец, бидејќи ние немаме државни резерви за такви намени, рече Таравари.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пак, најави дека од понеделник дополнителни 12 лекари и 20 медицински сестри ќе ги засилат воените екипи кои и во моментов помагаат во здравството за справување со пандемијата.

Во последниот ден беа регистрирани се 1160 нови случаи на Ковид-19. Починати се 30 лица на возраст од 39 до 84 години, сите во болнички услови, а оздравени се 1094 пацинети.

Од новозаразените со Ковид-19, 472 се од  Скопје, по што следат Битола со 87, Прилеп 78,  Тетово со 61, Куманово 58,  Охрид -47, Штип-43, Струмица-39, Струга-29, Кавадарци и Велес по 32, Кичево-26, Гостивар-22, Свети Николе и Ресен по 17, Кочани-15, Делчево-12, Неготино-11,Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод по 10, Берово-9, Крива Паланка-6, Валандово-5, Виница, Дебар, Кратово, Радовиш и Крушево по два, Пехчево и Гевгелија по еден.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 58608, бројката на оздравени пациенти е 36064, на починати е 1630, а бројот на активни случаи изнесува 20914.

Дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 25706, активни 10039

• Куманово 3599, активни 940

• Дебар 440, активни 84

• Штип 2553, активни 536

• Прилеп 2844, активни 1040

• Тетово 3701, активни 977

• Струга 1362, активни 412

• Велес 1841, активни 704

• Битола 1897, активни 839

• Охрид 1506, активни 605

• Кавадарци 1144, активни 436

• Гостивар 2319, активни 856

• Гевгелија 694, активни 224 (50 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 126 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 1636, активни 600

• Крива Паланка 409, активни 116

• Радовиш 406, активни 111

• Крушево 118, активни 69

• Кочани 1202, активни 303

• Пробиштип 345, активни 82

• Демир Хисар 195, активни 93

• Македонски Брод 161, активни 43

• Пехчево 96, активни 26

• Берово 347, активни 97

• Валандово 201, активни 73

• Виница 362, активни 171

• Делчево 425, активни 187 (117 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 150, активни 63

• Свети Николе 787, активни 221

• Кичево 1203, активни 500

• Ресен 442, активни 187

• Неготино 517, активни 280 (57 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје денеска

• Гази Баба – 1488

• Аеродром -1460

• Карпош – 1166

• Центар – 1142

• Кисела Вода – 1235

• Ѓорче Петров – 877

• Бутел – 573

• Шуто Оризари – 211

• Студеничани – 50

• Сарај – 159

• Арачиново -33

• Илинден – 247

• Сопиште – 63

• Чучер Сандево – 98

• Петровец –131

• Зелениково -85

• Странец – 181

• Нераспределен- 208

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1314 и има колку 130 празни болнички кревети во ковид – центрите.

Во моментов Интерните клиники располагаат со околу 190 болнички кревети со довод на кислород. Иако пополнетоста на капацитетите е висока, постојано се прават исписи на пациенти и слободни места има. Вчера се отвори и ковид – центарот на Клиниката за уво, нос и грло, каде ќе можат да се сместат дополнително 50 болни. Остануваат на располагање и капацитетите во делот од Хируршките клиники кои по потреба ќе бидат отворени во наредните неколку дена.

Вкупно во комплексот клиники „Мајка Тереза“ има околу 350 кревети за ковид пациенти распоредени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби и на Интерните клиники – Клиниката за дерматовенерологија, Клиниката за очни болести, Клиниката за нефрологија, Клиниката за гастроентерохепатологија и Клиниката за неврологија, како и на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. Допополнителни 110 кревети има во ГОБ „8 Септември“, а 40 на Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле.

Во ковид – центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 836 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот. Во Битола се хоспитализирани 65 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19, а во болницата во Штип се хоспитализирани 57 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 47 пациенти, во Велес се лекуваат 64 болни, а во Куманово 119 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид – центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 115, во ковид центарот во Гостивар 59, а во Струга 29 болни. Во болницата во Струмица лежи 81 пациент, во Кочани 18, во Кичево 20, Кавадарци 39, а во Гевгелија 13 лица позитивни на коронавирусот.

Тестирање со брзи антигенски тестови од вчера се врши и во здравствените домови во Битола и Делчево, а претходно е почнато во општите болници во Кочани и Кавадарци и  здравствените домови во Велес и Куманово.Од понеделник ќе почне и во Центарот за јавно здравје во Битола. Досега, на девет локации во земјава, вклучително и градот Скопје се врши тестирање со брзи антигенски тестови. Минатата недела, почна тестирањето во здравствените домови во Штип, Гостивар, Прилеп, Струмица и Општата болница во Кичево