Престрелка се случила вечерва на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“. Од МВР потврдуваат дена во полициска станица денеска во 17.47 часот О.И. пријавил дека од две патнички моторни возила во негов правец било пукано со автоматско оружје.

Биле испукани преку 100 куршуми, а околу 20 чаури се најдени на самото место, дознава „360 степени“.

Напаѓачите пукале со автоматско оружје од автомобили.