x

Во подготовка е меморијален меч во чест на Радомир Антиќ

Иако не помина една недела откако Радомир Антиќ го напушти овој свет, неговите блиски соработници, неговите некогашни играчи му подготвуваат најмалку два меморијални меча во негова чест. Иницијативата е тука, само се чека да помине кризата со коронавирусот.

Вељко Пауновиќ, Милинко Пантиќ и Ѓорѓе Томиќ имаат намера да организираат најмалку две вакви средби, првата би се играла во Србија, а втората во Шпанија.

Планот е во едниот тим да бидат сите оние играчи кои што Антиќ ги тренираше, а во другиот да бидат оние кои што играа за Србија на СП 2010 година во Јужна Африка кога селектор беше тој.

Без сомнение дека тој меморијален меч ќе биде вистински спектакл.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата