x

Во петок ќе се одредува распоредот за новата сезона во Супер лигата

metalurg-butel

Во петок и официјално ќе бидат извлечени паровите за следната сезона од ракометната Супер лига. Во домашниот шампионат, Супер лигата следната сезона ќе брои 16 екипи, но меѓу нив нема да бидат Вардар и Е. Пелистер, кои ќе ја прескокнат првата фаза од првенството, поради настапите во СЕХА Лигата.

Другите 14 екипи ќе бидат поделени седум шешири.

Прв шешир: Металург и Охрид

Втор шешир: Т. Пролет и Бутел Скопјe,

Трет шешир: Радовиш и Е. Пелистер 2

Четврти шешир: Струга и Работнички

Петти шешир: Астраион и ГРК Тиквеш

Шести шешир: КЛ7 и Прилеп

Седми шешир: Јуниор Кисела Вода и Младост.

Со ждрепка ќе биде одредено кој тим во која група ќе игра.  Првата фаза од првенството опфаќа 14 кола, а потоа првите три екипи од двете групи, заедно со Вардар и Е. Пелистер ќе формираат нова плеј-офоф група за шампион и излез во Европа, додека другите екипи ќе формираат плеј-аут лига од која шест клуба ќе испаднат во понизок ранг на натпреварување.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата