На 16.06.2020 во 23: 40 часот, И.П.(48) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 22: 20 часот во паркот во населбата Ѓорче Петров, неговиот 14-годишен син бил физички нападнат од В.Т. Причина за нападот било недоразбирање кое настанало помеѓу синот на пријавителот и синот на В.Т. Потоа бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била констатирана тешка телесна повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.