Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, извршија увид во работните активности за изградба на затворен пливачки базен во училишниот двор на ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, и на трим патеката во Општина Кисела Вода.

Базенот кој го гради Агенцијата за млади и спорт ќе биде со широчина на корито 8,9 метри, должина 25 метри и длабочина од 0,8 до 1,2 метри.

Изградбата на базенот ќе чини 37.802.641 денари со вклучен ДДВ, а изведувач на градежните работи е фирмата Енерго инвест трејд – Скопје.

Воедно, во истовреме Агенцијата за млади и спорт во соработка со Општина Кисела Вода, во должина од повеќе од два километри врши градежни активности за проширување и целосна реконструкција на трим патеката, лоцирана покрај железничките пруги.

Додека се одвиваат градежните активности на трим патеката, Општината ги замолува граѓаните за трпение.

извор: Makfax