Се проценува дека 1,56 милијарди заштитни маски завршиле во окените ширум светот оваа година поради пандемија на Ковид-19, што остава тешки последици на морки животни, наведено е во извештајот на организацијата “Oceans Asia”.

Организација си седиште во Хонгконг, објавила извештај кој покажува дека морскиот свет е загаден со невероватни од 4.680 до 6.240 тони пластика поради непрописно фрлање на заштитни маски.

Во него е наведено дека потребни се 450 години маските да се разградат, и дека тогаш микропластиката ќе му наштети на морскиот свет и екосистемот.

Како што е наведено, поради пандемија дошло до значајно користење на пластика за еднократна употреба, како што е лична заштитна опрема, пакувани производи за хигиена и носење храна за јадење.

Истовремено, во низата мерки за намалување на потрошувачка на пластика, како што се забрана за еднократна употреба пластични кеси, е “одложено, се паузира или укинато“

Загадување со пластика секоја година убива околу 100.000 морски цицачи, желки, повеќе милион пртици, па и поголем број риби, безрбетници и други животни, рекле во организацијата “Oceans Asia”, пренесува порталот Hongkongfp.com.

Се додава дека има негативно влијание на рибарството, туризмот а глобалната економија ја чини околу 13 милијарди долари годишно.

Во извештајот се предлага користење на заштитни маски за повеќекратна употреба и информирање на јавноста за правило фрлање на отпадот.