Емоции, радост, лудило! Македонија слави! Македонската фудбалска репрезентација се пласираше на завршницата на Европското првенсво кое ќе се одигра наредната година.

– Радувај се Македонијо! Еве ги фудбалерите на големата сцена. Македонија оди на Европско првенство! Во овој период, кога ни оспоруваат и име и презиме и нација и ген, еве не во Европа! Еве не таму, меѓу сите! Тие што ги описменивме, ќе не дочекаат наредниот јуни. Ќе ја поздрават нашата репрезентација, ќе стојат мирно на нашата химна! Ова е порака од сите православни христијани, Македонци, Албанци, Турци што играат за оваа репрезентација дека нашата држава треба да ја чуваат тие што ја водат. И едните и другите и третите и четвртите, излив на емоции на нашиот спортски коментатор Тони Стојановски по големата победа на Македонија со која нашите фудбалери се пласираа на Европско првенство.