Иако не е во прашање порнографија, во некои филмови главните актери имале вистински секс!

Ова се филмовите во кои актерите се согласиле на секс пред камери во име на уметноста.

„Антихрист” (2009)

[video:https://youtu.be/MOkRw6kURX4]

Режисерот Ларс фон Трир се погрижил целиот филм да обилува со сцена со секс. Ова остварување не е единствено во кое Трир од актерите барал да имаат интимни односи, но е е ден од најпознатите. Приказната следи брачен пар кој пробува да преболи смрт на синот такашто заминува во колиба во шума. Сепак, таму им се случуваат многу мистични и необични работи. Главните улоги ги играат Вилијам Дефо и Шарлот Гензбург.

„Калигула” (1980)

[video:https://youtu.be/16oTlXL5E0c]

Филмот со Хелен Мирен, Малколм Мекдауел, Питер О’Тул исто е преполн со вистински сцени со секс, благодарение на тоа што продукцијата ја превзел основачот на магазинот „Пентхаус”, Боб Гучионе. Во филмот е прикажан животот на римскиот владетел Калигула.

„Влез во празнина” (2009)

[video:https://youtu.be/bKRxDP–e-Y]

Режисерот Гаспар Ное раскажа приказна од перспектива на мртов дилер чија душа е сведок на случувањата. Филмот е сниман во прво лице – исто како и сцените со секс.

„Крстарење” (1980)

[video:https://youtu.be/mpJ5K8Vt5V8]

Ал Пачино е детектив во филмот на Вилијам Фридкин, и бара серијски убиец чии жртви се хомосексуалци. Поради истрагата влегува во геј барови каде сцените со секс актерите воопшто не ги глумеле.

„Розови фламинга” (1972)

[video:https://youtu.be/vUd_6FF4AtM]

Оваа комедија на Џон Вотерс е еден од најнеобичните и најодвратни филмови на сите времиња. Перверзија и експлицитни детали во филмот кој го следи животот на трансвеститот Дивајн кој се игра самиот себеси, не недостасува, а дури и сцената со секс во кој е вклучена и кокошка – е вистинска.

„9 песни” (2004)

[video:https://www.youtube.com/watch?v=-JJUfcfkrPg]

Дејствието во арт романтичната драма на Мајкл Винтерботом следи девет песни од девет различни рок бендови. Филмот од почеток е карактеризиран како контроверзен бидејќи обилува со сцени на секс помеѓу двајцата главни актери.