Бидејќи коронавирусот косеше сè во САД на почетокот на март, директори од различни компании на Силиконската долина контактираа со компанијата Rising S Co, компанија која изработува луксузни бункери.

Овој вид засолниште стана број 1 откако пандемијата зеде замав, така што богатите веќе не се чувствуваат безбедно никаде, дури и во нивните вили надвор од градот.

Еден од директорите на моќна компанија ја повикал Rising S Co затоа што сакал да открие како да отвори свој таен мултимилионски бункер, сместен на 3 метри под земја, во Нов Зеланд.

„Тој никогаш не го користел засолништето пред тоа и не можел да се сети како да го декодира“, рекол Гери Линч, генерален директор на „Rising S Co.

Тој додава дека покрај кодот, овој богат корисник поставил прашања во врска со моќноста на котелот и дали е потребно да се земе дополнителен филтер за прочистување на водата и воздухот.

Линч изјавил дека овој бизнисмен води една фирма во Сан Франциско, но живее во Њујорк, кој стана епицентарот на коронавирусот.

– Тој отиде во Нов Зеланд и колку што знам, тој сè уште е таму. Не смеам да го откривам ова за вас, затоа што нашиот список со клиенти е приватен – вели Линч.