Црна Гора ќе стане членка на Партнерството за мир кон крајот на ноември годинава на самитот на НАТО во Рига, што ќе ја направи побезбедна и држава со помал кредитен ризик, изјави црногорскиот претседател Филип Вујановиќ. Влагувањето на земајата во Партнерството за мир исто така ќе и овозможи да ги зголеми инвестиционите зафати, зашто сите земји членки со влегувањето во оваа организација ги зголемиле инвестиционите вложувања дури и за 300 насто.